Московската берза нема да се отвори денеска

9

Московската берза денеска воопшто нема да се отвори, објави Руската централна банка откако утринава рубљата драстично падна поради санкциите на Западот.

Централната банка на Русија соопшти дека утрешното работно време на пазарот ќе го објави утре до 9 часот по московско време.

Рубљата падна за 30% во понеделникот во работните часови, што ја натера Русија да ја удвои каматната стапка од 9,5% на 20%. Руската валута достигна ново, рекордно ниско ниво, откако во текот на викендот се покажа дека на некои од банките во земјата ќе им биде забрането да го користат меѓународниот платежен систем СВИФТ.

Откако дел од руските банки се исфрлени од СВИФТ системот, поради строгите економски санкции воведени од страна на Западот, Русите побрзаа на банкоматите за да ги повлечат заштедите и да ги затворат сметките.