Мостовите за поврзување или ѕидовите за разделба

12

Пред албанските опозициски политички партии е Хамлетската дилема. Оваа дилема произлегува од предлогот, земјата да има една изборна единица, што ги има позитивните и негативните страни. Во таква нова состојба, со една изборна единица, најдобро би било за малите партии да излегуваат сами на изборите, бидејќи гласовите нема да се распределуваат како порано во изборните единици и не би се стопиле во салдото на најголемите партии.

Од Исмаил АРСЛАНИ

Во албанската географија на Македонија (Северна), но и пошироките меридијани, Албанците вербално се обврзани да бидат заедно, но во пракса тие постојано работат, свесно или без неа, за поделба и раскол. Оваа состојба создава поволна основа за развојот на синдромот на самоуништување. Нашиот балкански менталитет, воспитанието и се уште нискиот културен ниво, како и виорот на дивјаштвото, зависта, љубомората,одмаздата, песимизмот и други негативни особини на една личност, што ја заковале паметта на многубројни луѓе, кои, рефлектираат во нашето општество, но и во политиката. Овој одраз не прави непријатели, не отуѓува со роднините, не скарува брат со брат. Со доаѓањето на политичкиот плурализам и слепата трка по збогатувањето (без труд и пот), ова појава доби вознемирувачки димензии. Тогаш, како да се справиме?

Бидејќи, како и секогаш, треба да извлекуваме поука од популарното искуство, што е вградено во поговорките, анегдотите, басните и пословиците. Една таква анегдота ќе не изнесе пред огледалото: „Беа двајца браќа кои взаемно многу се сакаа и немаа несогласувања. Тие заедно работеа во нивните градини и се го поделија на половина. Еден ден се случи кавга меѓу нив, за некое недоразбирање, но полека недоразбирањето растеше и тие станаа лути, прекинувајќи ги врските. После некое време, непознат маж тропнал на вратата на постариот брат. Беше вешт работник и барал работа. Стариот брат одговори позитивно на барањето, велејќи му дека ќе го прими на работа, ако изгради висок ѕид покрај реката што го делеше со неговиот брат, бидејќи веќе не сакаше да го види. Работникот ја прифатил работата, додека постариот брат кој му ја дал работата си заминал на неколку дена. Кога се вратил после неколку дена, се изненадил: наместо високиот ѕид, мајсторот изградил мост, што ги поврзуваше двете страни на реката. Во тој моменти малиот брат излезе од својата куќа и трчал кон брат во прегратка, со зборовите: „Колку добар брат имам! Си градел мост меѓу нас, и покрај сето лошо што сум ти го правел! Јас навистина гордеам со тебе! “, рекол малиот брат.

Што се случува сега веќе некое време во нашиот простор? Тие што се занимаваат со политика, се со „калкулатори“ во џебовите, пред изборите, било кои да се тие. Ги полнат батериите и започнуваат со сметањето, наместо да го вклучат мозок за нови програми и проекти, што не ги слушнал овој народ никогаш и да излегуваат гордо пред масата и се колнат дека ќе ги исполнат ветувањата, и, ако не, ќе си дадат заедно оставка. Ваквиот пристап на политичарите кои се венчани со политичките партии, би било колку коректна, како и неопходна, доколку сакаат да излезат со чист образ. Народот е сит со празни ветувања што се повторуваат од избори на избори, без никаква обврска или одговорност.

Едно нешто треба да се има во предвид. Секако, опозицијата треба да се ангажира за власта, бидејќи само таму може да ги исполнува своите цели и ветувања, како и да ја докаже својата способност за водење политика. Ако победат на изборите или имаат можност за владејачка коалиција, одредени политички субјекти не треба да ја оправдуваат не влегувањето на власт со не прифаќањето на „условите“ изнесени од мандатарот. Бидејќи, битката се води таму каде е власта, инаку гласовите се губат и гласачкото тело е разочарано и не оди на гласање.

Меѓутоа, прашањето е како да се добиваат изборите. Видливо влијае, ако политичките субјекти се обединети, како едно. Националните интереси на албанските политички партии во Македонија имаат мала разлика, само во нијанси, но тесните партиски и групни интереси што предизвикуваат превирања и расколи. Ќе биде голема грешка ако опозициските партии не се обединат како едно на претстојните парламентарни избори што се закажани на 12 април следната година, уште повеќе што лидерот на албанската владејачка партија (ДУИ), Али Ахмети, неколку пати упати повик до албанската опозиција да се обедини и ако е потребно, нека ја победат неговата партија, но да не дозволуваат албанските гласови да бидат распрснати и не се изгуби бројот на албански пратеници.

Но, пред албанските опозициски политички партии е хамлетската дилема. Оваа дилема произлегува од предлогот земјата да има една изборна единица, што ги има позитивните и негативните страни. Во нова состојба, со една изборна единица, најдобро би било малите партии да излегуваат сами, затоа што гласовите не би се распространиле како порано во изборните единици и не би се стопиле во салдото на најголемите партии. Тоа би било добра можност малите опозициски партии да се натпреваруваат за да ја измерат реалната политичка сила што ја уживаат кај народот. Ако одлучуваат така, тогаш обединувањето и коалициите може да се случуваат после изборите. Сите овие опции, во овој момент, се хипотетички.

Од друга страна, лидерот на СДСМ, истовремено и премиер,Зоран Заев, кој е промотор на една изборна единица, го предупредил коалицискиот партнер, ДУИ, кој не сака промени во изборните единици, дека под стари услови може да ги губи изборите во албанскиот кампус.