Моу го призна поразот: Во моменти бевте тотално надиграни, Јунајтед заслужено победи

4

Жозе Мурињо, новиот менаџер на Тотенехем синоќа го забележа својот прв пораз на чело на лондонскиот клуб. По серијата победи неговите избраниците немаа сили за надигрување на „Олд Трафорд“ и со 2-1 загубија од големиот ривал и екс-тимот на „Специјалниот“, Манчестер Јунајтед.

По натпреварот на „Театарот на соништата“, Мурињо неочекувано го спортски го призна поразот и напомена дека во одредени моменти од натпреварот Тотенхем беше целосно надигран од „ѓаволите“.

„Во првиот половина час не само што беа подобри, туку многу подобри од нас. Беа агресивни, играа поквалитетен фудбал. Ја освојуваа топката, создаваа шанси. Во тој период имавме многу среќа, Во останатите 15 минути заигравме подобри и стигнавме до израмнување. Во вториот дел направивме неколку победи и ми се чинеше дека ќе можеме да го свртиме резултатот, но тој втор гол не пресече. Знам дека сите ќе речат дека тоа беше пенал, но тоа беше класично паѓање. По голот тие играа како што сакаа, нè блокираа и мислам дека Тотенхем не заслужи да победи“, изјави Мурињо.

Мурињо не важи за менаџер кој ги признава поразите на своите екипи иако во својата богата кариера претрпел многу потешки порази, секогаш има некаков изговор, но овој пат можеби заради почит кој својот екс-клуб се реши на ваков начин да го анализира дуелот во Манчестер.