Мртви и живи пациенти во една соба, чадор во тоалет, инспекција во Битолската болница (ВИДЕО)

83

Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од тоа како мртви пациенти се оставени на кревет, а во истата соба жив пациент прима инфузија, министерот за здравство, Венко Филипче и инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе влезат во Клиничката болница во Битола за да одблизу ги согледаат условите во кои се лекуваат пациентите. Денес беше објавена и фотографија на која се гледа како во болнички тоалет е поставен чадор во близина на таванот за да не течат фекалии врз пациентите.

Во текот на вчерашниот ден беа објавени фотографии на кои се гледа дека во една болничка соба пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати пациенти.

Веднаш по нивното објавување директорката на болницата, Билјана Гагачовска изјави дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел.

Таа награси дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

Погледнете го видеото тука.