Мртво е пронајдено момчето што го снема во Вардар кај неготинско Пепелиште

3

Екипа на Брза помош од Здравствен дом Неготино, сабајлево констатира смрт кај момчето кое завчера исчезна во водите на Вардар кај неготинското село Пепелиште. Лекарите не утврдиле знаци за никакви други надворешни повреди, информира за МИА, директорката на неготинсмкиот здравствен дом Билјана Филипова.

Телото било пронајдено во близина на местото кадешто се случило давењето.

Како што веќе е познато, завчера околу 16:00 часот во Полициската станица Неготино, З. Ј. (39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.