Мсу стартува со онлајн филмска програма, ќе трае до 23 јули

21

Од денеска до 23 јули, во организација на Музејот на современа уметност во Скопје ќе трае онлајн филмската програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки секој четврток и понеделник ќе се споделуваат линкови до веќе слободни филмови. Музејот ќе ги поставува филмовите на своите профили на Фејсбук и Инстаграм и на својата интернет страница.

Кураторка на програмата е Кумјана Новакова, а визуелниот идентитет и графички дизајн се на Илиана Петрушевска.

Денешна препорака е „Јас не сум твојот Црнец“, филм на Раул Пек од 2016 година кој беше номиниран за Оскар за најдобар документарен филм. Посветен е на борбата на црнците, со фокус на романописецот, драматург и есеист Џејмс Болдвин.