Муареми: Овие намерно исценирани напади кон нас доаѓаат од еден ист центар

105

Првиот човек на финансиската полиција Арафат Муареми во разговор за „Слободен печат“ коментирајќи ги последните препирки на линија меѓу Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Народниот правобранител вели дека чекорите и притисоците кон него се очекувани кога институцијата со која тој раководи се справува со криминалот во земјава.

Според Муареми, поднесената кривична пријава до него која е актуелна деновиве во јавноста и се однесува за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за кривично дело „насилство“ е само продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар на моќ, откако претрес во Управата, неодамна направи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

– Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во завиност од надлежностите на институцијата. Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција, вели Муареми.