Мурињо восхитен дека ќе ги тренира, а фудбалерите на Тотенхем му заблагодаруваат на Покетино

11

Маурисио Покетино доби отказ од рководството на Тотенхем, а неговото место на клупата веднаш ќе го заземе Жозе Мурињо. Иако пред четири години најави дека никогаш не би го преземал Тотенхем од почит кон фановите на Челси, сепак, сега експресно ја прифати понудата на Даниел Леви за нов менаџер на „спарс“.

„Восхитен сум што доаѓам во ваков клуб со поветени навивачи и што ќе тренирам квалитетни фудбалери. Токму тоа ме привлече да се нафатам на овој предизвик“, изјави Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, фудбалерите му се заблгодаруваат на Маурисио Покетино. Под негово водство тимот многу напредуваше, дојде до позиција да се бори за титулата во Лигата на шампионите, а голем дел од играчите станаа репрезентативци на Англија. Меѓу нив и капитенот Хари Кејн.

„Никогаш нема да можам да ти се заблагодарам толку многу што ми помогна да ги остварам моите сништа. Имавме неверојатно моменти во последните пет и пол години и тоа нема никогаш да го заборавам. Ти беше менаџер, но и мој пријател исто така и благодарен сум за тоа релација. Ти посакувам многу среќа во новиот предизвик“, напиша Хари Кејн на Твитер.