Мурињо објасни зошто Тотенхем се мачи

12

Жозе Мурињо одржа прес-конференција по ремито на неговиот Тотенхем со ЛАСК (3:3) во рамките на 5. коло од Лига Европа.

Тотенхем се пласираше во осминафиналето од Лига Еврпа, а во последното коло ќе игра за првото место против Антверпен, кој избори победа во нокаут фазата со победа над Лудогорец (3:1).

Во изјавата по натпреварот, Мурињо рече дека не е задоволен со настапот на одредени играчи и дека единствената позитивна работа е што изборија место во осминафиналето.

„Не игравме добро, резултатот е подобар од она што го покажавме. Второто полувреме беше подобро од првото. Некои играчи играа многу лошо, а некои ја завршија работата како што треба. Јас ќе ги земам само позитивните работи од овој натпревар, а единствената позитивна работа е дека се квалификувавме во следната фаза и имаме шанса да бидеме први ако го победиме Антверпен“, рече Мурињо и додаде:

„Не научивме ништо ново од овој натпревар. Знаев претходно дека Лига Европа не мотивира некои играчи доволно за да дадат сѐ од себе, но исто така знаев дека некои играчи се темел на нашиот тим и не можеме да сториме ништо без нив. Тоа се играчи како Сон и Хојбјерг, без нив не би сториле ништо против ЛАСК“.