Мутираниот тип на коронавирус позаразен за децата? Научниците поделени

24

Членовите на советничката група на британската влада NERVTAG тврдат дека децата најверојатно ќе бидат поподложни на зараза со мутираниот корона вирус во споредба со неговите претходни соеви, но оти нема докази дека новата форма на вирусот е посмтроносна.

Оваа теза ја презентираше епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на NERVTAG, пишува „Дејли меил“, истакнувајќи дека тврдењата сè уште не се докажани.

– Advertisement –
Фергусон наведува дека бројот на заразени деца под 15 години, со мутираниот тип на вирус, е многу поголем во споредба со бројот на лица заразени со други соеви на короната во истата возрасна група, но не прецизираше конкретни статистички податоци.

Од друга страна, претставници на конзорциумот за истражување на вирусниот геном, COVID-19 Genomics UK, ги отфрлаат таквите тврдења појаснувајќи дека тие немаат најдено докази кои би ги поткрепиле забелешките на епидемиологот Фергусон.

Инаку, првите два примерока на мутираниот вирус беа откриени на 20 септември во Кент, а другиот следниот ден во Лондон.