Муфтија: Не е проблемот во шеријатот туку како талибанците го толкуваат

32

Претседателот на Мешихатот на исламската заедница во Хрватска, муфтијата д-р Азиз Хасановиќ, за телевизијата Н1 ја коментираше ситуацијата во Авганистан, која ја оцени како нов момент за меѓународната заедница и луѓето што живеат во Авганистан.

-Не постои воена стратегија која олку бргу може да освои цела земја, од што заклучувам дека сепак постои некој поширок договор, вели муфтијата Хасановиќ.

Тој вели дека и на стратезите за планирање на мировни мисии на НАТО им велел дека применуваат погрешна стратегија оти, како што вели, неприродно е наметнување на демократија на толку брутален начин. Хасановиќ вели дека е потребно време за созревање кога ќе се работи на сосема поинаков начин.

-Она што во моментов охрабрува е што е променет наративот на талибанците, тие амнестираат, ги повикуваат луѓето да останат и се подготвени на дијалог, вели Хасановиќ.

Прашан дали може да им се верува на талибанците, Хасановиќ вели дека стравот од нив се таложи со години, но дека смета оти се променети, а како пример наведува дека ТВ интервју со нивниот портпарол водела непокриена жена што пред 20 години било незамисливо.

-Шеријатот е божји систем применлив на земјата и гарантира слобода и безбедност на секој поединец и општество. Не е проблемот во шеријатот, туку во неговото толкување, а најмногу во неговат злоупотреба. Ова во Авганистан е вид на злоупотреба на шеријатот за остварување други цели, вели Хасановиќ за Н1 и додава дека во ниеден дел од шеријатот нема наметнување жените да носат бурка. Според него, таквиот став на талибанците не потекнува од исламот туку од обичајното право.