Мухамед Зекири осомничен за злоупотреба на службената положба , се бара притвор

0

Актуелниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири е соомничен за злоупотреба на службената положба во Владата. Обвинителството за органзиран криминал го сомничи дека заедно со двајца хрватски државјани во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба Зекири без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

ЈО цени дека има реална опасност осомничените да се дадат во бегство, како и опасност доколку осомничените ако се бранат од слобода можат да ги уништат трагите побарана е мерка притвор за тројцата осомничени.

Информациите на Телма од судот се дека документите се подготвуваат, но не се знае кога осомничените ќе бидат повикани на распит.