Му се слоши на таткото на Боки 13, прекинато е судењето за „Меѓународен сојуз“

19

Како што дознава Plusinfo, причина за прекинот е влошената здравствена состојба на таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски, прекинато е по половина час откако започна.

Како што дознаваме, причина за прекинот е влошената здравствена состојба на таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Во судницата веднаш пристигна екипа од брзата помош, а засега не се знае дали судењето денеска ќе продолжи.