Нагелсман: „Дијаманти“ се раѓаат под притисок, Баерн знае да одигра ваков меч

11

Баерн Минхен во вторник на својот стадион „Алијанц Арена“ ќе го пречека тимот на Виљареал во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар германскиот шампион неочекувано загуби на „Естадио де ла серамика“ со 1-0, па сега е под притисок пред новиот дуел на овие екипи. Но, според Нагелсман, неговите избраници се подготвени за уште една магична ноќ.

„Виљареал можеби беше под притисок на првиот натпревар, но сега сакаме побрзо да ја вратиме топката во свој посед. Треба да бидеме подобри во тој поглед, поинтензивни. Оваа сезона забележавме добри резултати на најважните натпревари, го сакаме тоа и на овој меч. Притисок? Човечки е, дијамантите се раѓаат под притисок“, рече Нагелсман.

Баерн пред овој меч имаше тешка задача во Бундеслигата, затоа што со многу труд и само гол од белата точка на Роберт Левандовски дојде до победа над Аугсбург.