Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2022 година

0

Народна банка информира дека на крајот на четвртиот квартал од 2022 година нето надворешниот долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7 отсто од проценетиот БДП).

Нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или за 11 отсто. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64 проценти.