Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Гоце Вангеловски за за нов член на УО на Банката

33

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлука на 116-тата седница одржана денеска, 31.03.2023 година, го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката.

Вангеловски, кој моментално ја извршува функцијата Помошник на Управниот одбор, функцијата ќе ја преземе откако ќе ја добие лиценцата од Народната банка.

Вангеловски се приклучи на НЛБ Банка Скопје во април 2022 година. Неговото академско образование е економија во областа на финансиски менаџмент и сметководство. Има 22 години успешно професионално работно искуство, од кои 17 години на високи раководни позиции во банкарскиот и осигурителниот сектор, како и во прехранбената индустрија.

Како член на Управниот одбор, Вангеловски ќе раководи со повеќе сектори и служби во Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од досегашните три ќе се прошири на четири члена. Надзорниот