Надзорни камерија снимија пад на авион: Пилотот мораше да слета на улица (ВИДЕО)

3

Надзорна камера забележа пад на авион на улица во градот Феникс во Соединетите Американски Држави.

Во малиот авион се наоѓал пилотот и еден патник, а двајцата имале голема среќа и го преживеале падот. Еден од нив е полесно повреден.

– Драго ми е што сум жив – изјави пилотот.

На снимката може да се забележи како авионот нагло се спушта и потоа удира во земјата. За време на падот, малиот авион оштетил неколку автомобили, сообраќаен знак и локалната електрична мрежа, но немало човечки жртви.