Наклон до под: Дончиќ собрал 2,2 милиони долари за болно дете од Словенија

13

Кошаркарскиот талент не е единствената позитивна карактеристика на Лука Дончиќ. Талентираниот кошаркар од Љубљана покажа голема хуманост за Крис, младо детенце од Словенија кое боледува од ретка генетска болест.

Едногодишното дете беше во „Стејплс Центар“ на мечот меѓу ЛА Лејкерс и Далас, а деновиве се очекува да ја прими првата терапија. Тоа немаше да биде можно ако плејмејкерот на Маверикси не помогнеше да се соберат 2,2 милиони долари за помош.

Одбојкарската репрезентација на Словенија и многу други спортисти му се приклучија на Дончиќ во оваа хуманитарна акција.

Малиот Крис ќе остане во ЛА цели три месеци, за да го добие потребниот третман и да биде надгледуван од докторите.