Наместо на судење, адвокат од „ТНТ“ ќе си оди на одмор

4

Не запираат преписките и препукувањата на Кривчниот суд и адвокатите во случајот „ТНТ“, кои ги застапуваат обвинетите за рушењето на „Космос“.

Наредното рочиште за „ТНТ“ е закажано за 13 јануари, но во судот добиле известување од адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува екс градоначалникот Тони Трајковски, дека од 8 до 17 јануари е на годишен одмор.

-Заради интерес на медиумите за предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, во целост го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година, судот ќе ја извести Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ, се вели во соопштението на Кривичниот суд.