Наоѓање решение за меѓувладината конференција со Македонија до крајот на годината останува приоритет за германското претседавање со ЕУ

18

Наоѓање решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината, со германското претседавање во Европскиот совет, е приоритет за Германија, според германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, соопшти Германската амбасада во Скопје.

„Државниот министер за Европа Михаел Рот денес апелираше до сите страни јасно да се разграничат ЕУ-темите од билатералните прашања како и да се работи кон постигнување на прагматични решенија. Исто така, германското претседавање со Советот е подготвено, евентуално и во содејство со Европската Комисија, во даден момент да се ангажира и дополнително за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да може да се одржи уште пред крајот на оваа година. Наоѓање решение до крајот на годината, со германското претседавање во Советот, е приоритет за Германија, според државниот министер за Европа Рот“, се вели во соопштението од Германската амбасада во Скопје.