Напаѓачот кој убил девет лица во Германија оставил видео порака и писмо

6

Напаѓачот за кој полицијата верува дека во средата вечерта убил девет лица во германскиот град Ханау, зад себе оставил видео и писмо. Во станот во кој што бил најден, пишува „Билд“, повикувајќи се на негови извори, било пронајдено писмо во кое се наведува потребата да се уништат одредени народи затоа што е невозможно да се протераат од Германија. Напаѓачот, исто така, наводно оставил и видео во кое застапувал екстремни десничарски стојалишта. Тој е идентификуван како Тобиас Р.

Претходно полицијата соопшти дека најмалку осум лица биле убиени во два вооружени напади врз наргиле барови во западногерманскиот град Ханау во средата вечерта, јавија полицијата и медиумите.

Полицијата го зголеми бројот на жртвите на девет лица откако едно лице им подлегна на повредите.

Според „Билд“, напаѓачот или напаѓачите најпрво убиле три лица пред наргиле барот „Миднајт“ и раниле едно лице. Потоа со автомобил заминале кон населбата Кеселштат, упаднале во друг бар од ист тип „Арена“, при што загинале уште петмина, а повредени се четири лица.

Германската полиција подоцна соопшти дека пронашла маж осомничен за убиство на девет лица во Ханау. Во неговиот автомобил пронашле списанија за оружје. Напаѓачот осомничен за убиство на девет лица во германскиот западногермански град Ханау е пронајден мртов во неговиот дом, соопшти во четвртокот полицијата. Покрај него имало друг починат. Така, бројот на загинатите по нападот се искачи на 11.

„Нема индиции дека биле вмешани и други осомничени“, соопшти полицијата на Твитер.

„Едно од двете лица пронајдени мртви е многу веројатно сторителот“, велат тие.

Информациите од полицијата говорат дека напаѓачот извршил самоубиство во својот дом откако побегнал во темен автомобил, но мотивот за нападот е нејасен.

Билд пишува дека мажот е германски државјанин, дека во неговиот автомобил биле пронајдени списанија муниција и пиштоли и дека имал дозвола за оружје за лов.

На местото на настанот има многу полицајци и амбулантни возила. Градот го надлетуваа полициски хеликоптери. Ханау е град со 98.000 жители, 25 километри источно од Франкфурт.