Наполи за Кулибали бараше 150 милиони евра, а сега го продава четири пати поевтино!?

0

Калчолигашот Наполи наскоро би можел да остане без дефанзивецот Калиду Кулибали, кој ги договорил личните услови со Челси, па остануваат само преговорите меѓу двата тима пред да се комплетира трансферот.

Аурелио Де Лаурентис минатата година за Кулибали бараше дури 150 милиони евра и не сакаше да попушти ниту евро, но сега ќе го продаде дефанзивецот за дури четири пати помалку пари, односно сума меѓу 35 и 40 милиони евра.

Агентот на Кулибали, Фали Рамадани преговарал со Челси и договорил петгодишен договор со плата од 10 милиони евра, додека премиерлигашот сака да плати 35 милиони евра за трансферот, а екипата на Елиф Елмас бара пет милиони евра повеќе.