Наполи и Елмас „четири од четири“, Спалети не ни размислува на Скудетото

16

После четири одиграни кола во најсилното италијанско првенство сезонава екипата на Наполи е на првото место единствена со 12 максимални бодови (гол разлика 10:2), пред Интер и Милан по 10, кои исто така немаат пораз.

Синоќа клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас дојде до нов триумф во Серија А на гостувањето кај Наполи со убедлив резултат 0:4.

Тренерот на „наполитанците“, Лучано Спалети иако неговите играчи се моментно првопласирани на табелата, не сака ни да помислува на Скудетото покрај миланските великани.

– Пред нас е долг пат до крајот на шампионатот, но дефинитивно имаме квалитет. Можеби ни недостасуваат играчи со кои можеме да направиме квалитетни промени и треба да држиме високо темпо. Главното прашање е колку долго можеме да издржиме со фудбалот на ова ниво, тоа прави разлика на крајот – рече Спалети.

Нашиот фудбалски „дијамант“ Елмас има четири настапи од почетокот на сезоната со еден погодок во домашната победа над Венеција. Последен пат Наполи беше шампион на Италија во далечната 1990 година.