Направете си сами: Домашен лек за настинка, вируси и грип

7

Во сезоната на настинки и грип не мора секогаш да се трча во аптека.

Овој напиток ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да ги ублажите симптомите од здодевната настинка и грипот, а се прави за само 2 минути.

Ќе ви бидат потребни:

• 1 црвен или жолт грејпфрут

• 2 портокали

• 1/4 лимон со кора

• половина шолја за кафе вода

• малку рендан ѓумбир

Сите состојки ставете ги во блендер и пулсирајте ги околу две минути.

Подготвениот напиток пијте го наутро и навечер, во интервал од 10 дена.