Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните

5

Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Според информациите на Алсат, неделава банките ќе имаат средба со надлежните институции, по што конечната одлука ќе се донесе во текот на наредната недела. Во моментов во тек се анализите во кои се земаат во предвид состојбите со пандемијата од ковид 19. Доколку не се продолжи оваа мерка, граѓаните кои ги одложија плаќањата на кредитите и на износите за кредитните картички ќе почнат повторно да ги плаќаат од први октомври. Одлуката за повторно одложување ја носи од Народната банка, по претходни анализи и дискусии со деловните банки во земјава.

„Постојано го следиме развојот на случувањата и притоа, секако, подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем.“

Банките немаат конечен став дали треба да има повторно замрзнување на кредитните обврски. Но, се подготвени да излезат во пресрет на граѓаните доколку е потребно.

„Членките на Македонска банкарска асоцијација ја разгледуваат потребата и можностa за понатамошна помош на населението и стопанството, но во овој момент се уште не е заземен конечен став. Македонската банкарска асоцијација е целосно посветена на изнаоѓање на решенија за надминување на проблемите предизвикани од оваа криза.“

Откако се воведе оваа мерка на почетокот од април, 70 отсто од граѓаните решија плаќањето на ратите за кредити да го одложат за шест месеци. За овие шест месеци, анката пресметува месечна камата врз остатокот од кредитот, односно врз основа на новиот амортизационен план, по што оваа камата рамномерно ќе се распореди на ратите до крајот на кредитот.