НАРОДОТ ГО ЈАДЕЛ И ЌЕ ГО ЈАДЕ КИКИРИКОТ

198

Во државава владее латентен хаос и распаѓање. Сите го знаат тоаа ама молчат, мислејки дека ако не го гледаш змејот во очи тој не постои. Овој народ одсекогаш ‘‘го јадел кикирикот‘‘, сеуште го јаде, а како што стојат работите уште долго ќе го јаде. А, како да не го јаде кога сам си го сервира пред нос! Не научил бе, како викаат турците ‘‘фукара милет јуз сене зенгин оламаз‘‘ а во превод, ‘‘сиромавиот сто години не може богат да биде, не науќил!

Од Агим ЈОНУЗ
Во мое маало, кога некој на крај треба да ја носи целата штета и кога е изигран велиме ‘‘ го изеде кикирикот‘‘. Јас знам дека народот има разни поговорки, ама знам и дека ниту една не е без своја историја. Понекои се и помалку вулгарни, ама симпатични. Ајде во оваа колумна да видиме зашто народот го јаде, а и допрва ќе го јаде кикирикот.
Во држава која со своето однесување самата себе си е најголем душман, што и да се случува, рефлексот оди директно на сметка на народот. Кој на кого му е душман и зошто. Секој на секого и тоа онака од ќеиф. Тоа е генетски вродено во менталниот склоп на народот, а ако човекот е носител на општеството, тогаш државата не може да не биде душманска кон човекот. Каков народ таква држава. Затворен круг.
Не треба да се има посебни наочари за да се види дека се е игра во која е битно да се остави слика дека нешто се работи. Мајсторите за односи со јавност многу успешно му ставаат на народот темни наочари за да не гледа дека се е катастрофа. Арно ама, на народот можеш да му ставиш наочари ама не можеш да му го излажеш стомакот. А тој е единствениот валиден за тоа дали е нешто во ред или не е. На Македонија и предстојат уште поголеми проблеми и тешки социјални денови. Ај погодите кој ке биде крив за тоа. Па, се знае! Бугарите, затоа што не сакаме да признаеме дек Гоце Делчев бил бугарин. Ех, да не беа тие бугарите државава ке цветаше.
Двете најголеми македонски политички партии направија конгреси со ексклузивни ветувања дека нивното време тек ке покаже дека ако не се тие, тешко нас. Тешко нас со нив, а не без нив. Цела среќа што го имаме албанскиот блок кој ако не е најдобар дел од политичката сцена, барем е најинтересен. Не се знае кој на кого му копа гроб додека сите заедно паѓаат во него, така да станува сеедно кој на кого му копа гроб. Целата политичка приказна е трагикомедија.
Ајде да му се вратиме на народот и да видиме кој е тој ‘‘кикирик‘‘ што ќе го јаде. Не постои показател на ниедно општествено ниво кое вели дека нешто оди на подобро, напротив. Тоа го донесе народот на дното на достоинството и егзистенцијата. На кого му требаат наочари со подебела диоптрија да види дека политичарите апсолутно ништо не прават. Бевме сведоци на невиден циркус со ‘‘Кастро од Чаир‘‘ и спасувањето на газовите на постоечката гарнитура со оправдување дека сега во Декември во најмала рака ке влеземе во Европа. Откога се спасија да не паднат како крушки, сите побрзаа да најдат ново оправдување во нешто. Во меѓувреме, на вести секоја вечер ударна вест е струјата и нејзиното покачување. Е, тука сме кај ‘‘кикирикот‘‘ и порцијата што народот треба да ја проголта.
Веќе подолго време во Македонија грижата за обичниот граѓанин од аспект на неговата социјална и егзистенционална безбедност е маргинализирано прашање. Секогаш само декларативно битно, а во суштина темелно запостанево. Она што како посебна и дополнителна тежина на овој народ ќе му биде сервирано во блиска иднина е масовното покачување на цените на се што му е потребно. Поскапувањето на струјата сама по себе влече серија други поскапувања кои на овој завали народ само ќе му го стегне ионака веќе ставениот коноп околу вратот за да се обеси. Лажните светла во правец кон Европската Унија многу бргу во блиска иднина ќе се угасат со самиот податок дека популацијата е пред социјална експлозија на која фитиљот и пригорува веќе до крај.
Воопшто не е трагично ако патот кон Европа касни, ако се одложува или ако стои на место. Страшно е тоа што овој народ и покрај целата циркузијада на политичката сцена воопшто нема покачување на квалитетот на животот. Цената што ја плаќа народот гледајки во очите на политичарите е многу скапа. Резултира со животни трагедии и со една комплетна катастрофа на се она на што еден нормален човек може и треба да се надева. Најтрагично во целата работа е тоа што народот е демократски неписмен, не знае како да направи поинаков чекор во однос на политиката и да менува ситуација. Народот не знае дури ни да се самоорганизира во протест, во граѓанска непослушност и во механизмите кои му се на располагање да го покаже своето незадоволство. Имаме неписмен народ. Не значи дека ако некој знае да чита и да пишуве е писмен. Писменоста подразбира да имаш барем некакво ниво на свест, кое само по себе дава модел на однесување на релација власт – народ.
Можеби звучи смешно и несериозно, но кога ја употребуваме фразата ‘‘ народот го јаде кикирикот‘‘, доаѓаме до поразителниот факт кој вели дека народот сам си го сервитра тој кикирик. Тој изгласува неспособни политичари, кои наместо да работат во интерес на народот, уште повеќе му го отежнуваат животот.И ако земеме да анализираме каков е тој затворен круг во кој народот има власт каква сам си сервира, констатираме дека ниту сме способни, ниту заслужуваме држава.
Еден психоаналитичар деновиве даде една смешна ама многу добра анализа за тоа каква е речацијата власт – граѓани. Граѓаните ги гласаат своите политичари по принцип на ‘‘ мој човек е‘‘, а не по принцип на квалитет. Откога ‘‘неговиот човек‘‘ ке влезе во власта, од него се очекува лична услуга и бенефит, а не работа за јавно добро. И така на крај, народот кој го изгласал и самиот знае дека овој е ‘‘никаков‘‘, ама верува во него како во феноменот на Дедо Мраз. Знаеш дека не постои, ама веруваш во него. И тогаш тој истиот Дедо Мраз ти се смешка, ти си ја полниш душата со неговата насмевка, ама у суштина не знаеш кој кого ебе у мозак! А, на крај, нај мазохистички ги трпиш последиците од сопствениот Дедо Мраз, задоволен што барем е ‘‘твој човек‘‘ Ма, јебо те он!
Ајде пак да му се вратиме на ‘‘кикирикот‘‘. Тоа е збор кој може да замени и фраза ‘‘народот го јаде стапот‘‘. Стапот народот го јадел секогаш низ историјата. Ама, во време во кое добиваш сефте во историјата своја држава, сам да се тепаш со сопствениот стап, само кажува дека си спремен за доктор и тоа специјалиста по психијатрија. Има еден интересен парадокс, а тоа е податокот кој вели дека народот смета дека со влезот во Европа сите ќе добиеме еден амбиент како да сме во Германија. Тоа е најголемата заблуда, затоа што суштинската разлика во тој амбиент на живеење и нашиот е во тоа што се тие -Германци! Фигуративно речено, ние сме најобични копуци кои немаат ниту развиена култура на државна свест, ниту на работна дисциплина, ниту на чувство на припадност кон некаква нација и држава. Ние допрва ке го јадеме кикирикот коа ке влеземе во Европа, затоа што пред се, ке треба да имаме дисциплина на сите општествени нивоа. А ние имаме дисциплина со која сигурно повеќе може да се пофалат оние во Јужна Родезија. Некои работи ќе мора итно да се менуваат. Инаку, и државата и народот одат кон амбис. Нема ниту еден показател или нишан кој вели дека има надеж. Остави ги политичарите што ти мачкаат очи со таа Европа која и сама се распаѓа.
Овој народ функционирал низ историјата само кога го јадел стапот. Само тогаш имал ред и се знаело кој е кој. Во државава владее латентен хаос и распаѓање. Сите го знаат тоаа ама молчат, мислејки дека ако не го гледаш змејот во очи тој не постои. Овој народ одсекогаш ‘‘го јадел кикирикот‘‘, сеуште го јаде, а како што стојат работите уште долго ќе го јаде. А, како да не го јаде кога сам си го сервира пред нос! Не научил бе, како викаат турците ‘‘фукара милет јуз сене зенгин оламаз‘‘ а во превод, ‘‘сиромавиот сто години не може богат да биде, не науќил!

ООО ЏЕМААТ…. мрш море у ……

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)