НАСА: Минатата година беше петта најтопла година во светската историја

3

Минатата година беше петта најтопла година досега, а изминатите девет години беа деветте најтопли од прединдустриското време, што ја доведе во опасност целта на Парискиот договор од 2015 година, да е ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, изјавија денеска американските научници.

Минатата година е изедначена со 2015 година, како петта најтопла година од водењето евиденција кое почна во 1880 година, соопшти НАСА.

Таков резултат е забележан и покрај присуството на Ла Ниња во Тихиот Океан, која генерално благо ги намалува глобалните температури.

Просечната глобална температура сега е за 1,1 до 1,2 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриското време.

Националната администрација за океани и атмосфера на САД соопшти дека 2022 година е рангирана како шеста најтопла година од 1880 година. Научниците од Европската унија оваа недела посочија дека според нивните податоци, 2022 година е петта најтопла година.