Насер Зибери избран за нов Народен правобранител со 61 глас ЗА

83

Насер Зибери и официјално е избран за нов Народен правобранител.

Со 61 глас за без ниту еден против и воздржан парламентарното мнозинство во законодвниот дом му ја даде поддршката по целодневната собраниска расправа, но и седницата која неколку пати беше одложена.

Расправата се одвиваше во насока власт опозиција околу тоа колку е етички што поранешниот кандидат за премиер на ДУИ по 6 месеци од изборите сега веќе станува омбудсман .

Интегративците пак го поддржаа иако во текот на денот Изет меџити сите прашања поврзани со зибери ги препрати на адреса на Артан Груби

Функцијата народен правобранител е испразнета подолго од еден месец. Иџет Мемети, кој 16 години ја извршуваше оваа функција, неколку дена пред истекот на неговиот втор мандат беше „прекомандуван“ во член на Советот на јавни обвинители.