Насер Зибери предлог на ДУИ за премиер Албанец

ДУИ денеска го објави својот предлог за иден премиер на државата, тоа е политичкиот аналитичар, нотар по професија и поранеше парламентарец, Насер Зибери.

64

ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од овде од Преспа се отварија вратите на Македонија за ероинтеграциите. Оптимистички најави дека државата за 5 год ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер Албанец.

Насер Зибери рече: „Ме изненади понудата но и ме почести“.

Зибери три пати беше избран за пратеник на изборите 1990, 1994 и 1998 година и тоа од редовите на Партијата за демократски просперитет (ПДП), во периодот од 1996 – 1998 беше министер за труд и социјна политика, како и потпретседател на Влада на РМ. По завршување на политичкиот мандат работи како нотар.