Наскоро може да бидат заменети 15 раководители на клучни сектори во МВР

16

Започна битката за новите имиња кои ќе раководат со дел од клучните сектори и тела во Министерството за внатрешни работи, сè до предвремените парламентарни избори на 12 – ти април. Иако не е официјално потврдено, се шпекулира дека може да бидат заменети некои од осумте раководители на секторот за внатрешни работи, шефот на секторот за организиран криминал, за внатрешна контрола, па дури и на специјалните единици, меѓу кои и единицата „Тигри“.

Како што дознава Алсат, новиот акт за систематизација се очекува да помине во Владата веднаш по празниците, при што новите имиња ќе се објават во рок од една недела. Промените доаѓаат по изборот на новиот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој беше предлог на ВМРО ДПМНЕ. Законски, Чулев има право да смени до 15 кадри на раководни позиции во министерството што ќе го води, кои ќе имаат мандат сè додека не се потврдат официјалните резултати од изборите. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со имињата кои се спомнуваат за именување на одредени позиции, но се уверени дека промените ќе бидат во согласност со Законот.

Бидејќи за сите можни финансиски и кадровски промени, е задолжителен потписот на дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска, избрана по предлог на СДСМ, таа за Алсат потврди дека се сретнала со министерот во врска со евентуалните промени. Сепак, Петровска објаснува дека сè уште нема имиња ниту одредени сектори кои ќе бидат опфатени со овие измени. Техничкиот министер за внатрешни работи има право на промена од 10% во хоризонталната распределба на персоналот”-изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.