Наскоро се укинуваат тестовите и карантинот: Филипче најави отворање на границите

Министерот за здравство, Венко Филипче за време на вчерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на „ТВ21“ најави отворање на границите на нашата држава со укинување на тестирањата и карантинот.

211

На прашањето дали кога ќе се отворат границите нема да важат карантините и изолацијата за граѓаните, министерот Филипче одговори потврдно и додаде дека за тоа ќе се разговара веќе овој викенд, а одлуката ќе биде донесена по анализата на новозаразените и кластерите.

„Отворањето на границите е нешто што бара регионална координација е нешто што бара регионална координација на сите во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ист епидемиолошки ризик, со исти карактеристики за време на првиот бран и со очигледно слични карактеристики сега. Ние ќе разговараме за отворање на границите за време на викендот и одлука ќе донесеме на почетокот на следната недела“, изјави министерот за здравство.

Филипче откри дека Македонија е иницијатор за регионална средба со цел да се координира отворањето на границите со земјите од регионот.

„Ние сме земја во регионот која покрена иницијатива за регионална средба. Јас на секои два до три дена имам билатерални и телефонски разговори со сите министри за здравство“, изјави Филипче.