НАТО војници по грешка упаднале во фабрика во Пловдивско, вработените се треселе од страв/ВИДЕО

52

Американски војници вооружени со автоматски пушки, ја прескокнале оградата и упаднале во фабрика за сончогледово масло во околината на Пловдив. Како што објави бугарска „Нова“, упадот всушност бил по грешка, а станува збор за воените вежби „Swift response 21“ во кои учествувале, американски, италијански и бугарски војници.

Вежбата предвидувала упад на војниците на напуштен аеродром, а фабриката граничи со воениот аеродром во Чешнегирово.

Вработените во фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги провериле сите простории во фабриката.

– Беше страшно. Многу се исплашив и не знаев како да реагирам. Се тресев од страв – рече еден вработен.
Сега сопственикот и работниците во компанијата можат да ги тужат сите одговорни за вежбата.