НАТО го засилува источното крило

19

НАТО алијансата се огласи по нападот на Русија на Украина. Во соопштението е наведено дека ќе бидат испратени дополнителни сили и воена опрема на истокот.

НАТО го зајакнува источното крило НАТО најави распоредување на „дополнителни одбранбени копнени и воздушни сили“ во источниот дел на блокот и зголемување на подготвеноста на сите свои сили „да одговорат на сите непредвидени ситуации“, во светло на воената операција на Русија во Украина.

„Активностите на Русија претставуваат сериозна закана за евроатлантската безбедност и ќе имаат геостратешки последици. НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедност и одбрана на сите сојузници“, се вели во соопштението.