НАТО за руското оружје: Србија има право на избор

7

Набавките во областа на одбраната се национална одлука и Србија има право на избор, соопшти денес НАТО.

Тоа е одговорот на Алијансата на прашањето на Радио слободна Европа за испораката на рускиот противвоздушен ракетен систем „панцир С1“, кој Србија го купи врз основа на договор од 2019.

„Србија има право слободно да ги бира своите политички и безбедносни аранжмани. НАТО и Србија се блиски партнери и ние сме посветени на јакнењето на нашето партнерство со Србија, со целосно почитување на нејзината политика на неутралност“, се наведува во соопштението на НАТО.