НАУЧНИЦИТЕ ОБЈАСНИЈА ЗОШТО СИМПТОМИТЕ НА ОМИКРОН СЕ ПОСЛАБИ: Прво експертско истражување кое дава одговор

20

Научниците од Германија и Велика Британија истражуваа зошто инфекцијата со омикрон има поблага клиничка слика од другите соеви на корона вирусот.

Во списанието Cell Research, беше објавено дека омикрон е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето во споредба со делта варијантата.

– Во нашето истражување за прв пат беше објаснето зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешки форми на болеста – вели проф. Мартин Мајклс од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим го спроведе ова истражување во Универзитетската болница во Франкфурт.

-Омикрон, за разлика од делта, појаснува професорот, се чини дека не ги спречува заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки.

Инфицираните клетки произведуваат интерферон, кој ги информира другите клетки за присуството на вирусот во телото.

Според ова истражување, делта се покажала како поуспешна од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.

Интерферонот е важен имунолошки одговор на организмот, кој придонесува во неговата борба против вирусот.

Инаку, професорот Тим ​​Спектор наведе дури 20 вообичаени симптоми на омикрон:

Назален исцедок, главоболка, замор, кивање, болки во грлото, упорна кашлица, рапав глас, треска или тремор, треска, вртоглавица / слабост, „мозочна магла“, променет мирис, болка во очите, невообичаени болки во мускулите, губење на апетит , губење на мирис, болка во градите, отечени жлезди, депресивно расположение…