Научниците тврдат дека веќе ги пронашле првите траги на живот на Марс/ВИДЕО

22

Потрагата по вонземски живот во вселената трае со децении, а меѓународна група на астробиолози е уверена дека веќе ги пронашле првите траги на живот на Марс.

Благодарение на органските молекули кои ги откри роверот “Curiosity” на НАСА, астробилозите веруваат дека присутноста на тиофен, хемиски спој кој може да се најде во јагленот, нафтата и белите тартуфи е знак дека некогаш на Марс имало живот.

Иако се уверени дека го откриле начинот на кој тиофените стигнале на Марс, сепак научниците се многу внимателни со изјавите.

„Ако пронајдете тиофени на Земјата, веројатно е дека се од биолошко потекло, но на Марс, секако, доказите мора да бидат сепак нешто поцврсти“, истакна астробиологот и водачот на истражувањето, Дирк Шулце-Макуч од Универзитетот Вашингтон Стејт.

Една од теориите е дека тиофените се последица на активностите на бактерии кои пред три милијарди ги растворале сулфатите. Се надеваат дека во различни примероци ќе можат да пронајдат различни нивоа на тешки и лесни изотопи, што би сугерирало дека на Марс навистина постоел живот.

„Мислам дека за конечна потврда ќе мора навистина да испратиме луѓе на Марс, а астронаутот ќе мора да погледне низ микроскоп и да види микроби кои се движат“, истакна Шулце-Макуч.

Но, додека научниците на потврдат дека на Марс навистина имало живот, роверот на НАСА испраќа неверојатни фотографии од Црвената планета. Фотографијата која што е направена со спојување на повеќе о 1000 фотографии со висока резолуција (1,8 милијарди пиксели) го прикажува подрачјето Глен Торидон кое го истражува роверот.