Нашиот бел образ се вика Бесиан Мехмети!

57

Емин АЗЕМИ

 

Едно име, како овој што не почестува со високи вредности, без потреба некој да интервенира за да му го „подобрува успехот“, зборува за неопходноста на подигнувањето на стандардите за вреднување во нашето општество, каде знаењето и само знаењето можат да бидат најреални и најпродуктивни показатели на зголемувањето на квотите во графиконот на нашето духовна,културна и професионална состојба.

Бесиан Мехмети не е политичар. Тој е само архитект и како таков можеби не ги исполнува „условите“ за да ужива некое поголемо внимание во медиумите. Кај нас само просечните политичари и пејачите на фолк музика ја обработуваат оскудниот вкус на јавноста. Медијатизацијата на „храната – таџија“ во форма на празни вести, кое зборуваат само за обвивката на нашиот секојдневен живот, веќе долго време го растерува виталното битие на нашето социо-културно формирање.

Пред  неколку денови, Бесиан Мехмети беше награден од Здружението на Архитектите со Голема Годишна Награда за Архитектура, која во главно му е посветена на архитектонското дело – основно училиште „Киро Глигоров“ во Скопје. Тој, оваа награда ја дели со неговиот  тим на  архитекти, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебиби. За време на церемонијата на доделување наградата од претседателот, Стево Пендаровски, Бесиан Мехмети, беше прогласен за „најдобар архитект за најубавото училиште некогаш изградено во Македонија“. Ова атрактивно училиште, проектирано од Мехмети има површина од 12.100  квадратни метри и е модерен објект со 21 училници, совршена акустика, 7 специјализирани кабинети за посебни предмети, кујна, спортска сала и специјализиран центар за деца со церебрална парализа како и многу други простори за одвивањето на наставниот процес на редовен начин. Работите за училиштето „Киро Глигоров“ започна во 2016 година со буџет од 5,5 милиони евра.

Бирото за проектирање „Бесиан Мехмети Арктектс“ од Скопје е познат по својата неверојатна креативност во областа на проектирање и дизајнирање на објектите и просториите од различни природи. Неговото име веќе стана печат и за некои архитектонски дела во различни земји на светот.

Бесиан Мехмети потекнува од интелектуално семејство од Тетово, а неговиот настап на локалните и меѓународните натпревари е и магнетски одраз на неговото формирање од семејството, училиштето и околината каде дејствува. Во случајот со Бесиан, ништо не е случајно. Дури и посветеноста да се биде шампион во областа на архитектурата ја надминува инерцијата на случајноста.

Име како овој што не почестува со високи културни вредности, без потреба некој да интервенира  „да му го подобриме  успехот“, зборува за неопходноста за подигнување на стандардите за вреднување  во нашето општество, каде знаењето и само знаењето можат да бидат најреалните и нај попродуктивните показатели на растот на квотите во графиконот на нашата духовна, културна и професионална состојба.

Бесиан Мехмети е млад, но неговите амбиции ја надминуваат стереотипното размислување, затоа што предност им дава само на луѓето со седа коса и со брчки. Тој нема потреба да изгледа стар за да го убедува некој партиски службеник дека е вреден во својата работа, затоа тоа е и аларм за сите тие со восочни уши кои мислат дека албанското општество треба да има секако партиски „билет“ ,за да влезе во големиот салон на вредностите.

Затоа, слободно може да се кажува дека нашиот бел образ се вика Бесиан Мехмети.