Најголемиот фан на македонската фудбалска репрезентација го доби лекот „Спинраза“!

36

Јане Велковски, момчето кое стана симбол за волја, истрајност и за борба на пациентите со реткото заболување спинална мускулна атфорија го доби лекот „Спинраза“. 11-годишниот Јане кој сонува да стане фудбалер и е жесток навивач на македонската фудбалска репрезентација конечно, по двегодишно очекување го добива лекот кој се корсити за третман на децата и на возрасните пациенти кои боледуваат од оваа ретка болест.

Во земјава се регистрирани 7 пациенти до 18 години со СМА тип 2 и 3.Со овој лек, како прва генска терапија во третманот на пациентите со спинална мускулна атрофија се добива можност за интервенирање и промена на текот на болеста со одржување и подобрување на моторната функција, а со тоа подобар квалитет на живот и продолжување на животниот век.