Најголем број на починати во Хрватска од Ковид-19 на дневно ниво

13

Хрватска забележа нов рекорд на починати на дневно ниво. Битката со Ковид-19 во последните 24 часа ја загубиле 23 лица.

За едно деноноќие во Хрватска се регистрирани 2378 нови случаи на коронавирус. Со тоа бројот на активни случаи во оваа земја достигна 12.736 лица.

Од нив, 932 лица се на болничко лекување, додека на респиратор се 68 пациенти.

40999 е вкупната бројка на заразени во Хрватска од почетокот на пандемијата. Вкупно оздравеле 27770 лица, а 493 лица починаа.

Во последните 24 часа оздравени се 930 пациенти.