Најдобриот босански тенисер „полуде“: Му се закани на судијата дека ќе го убие!

15

Најдоброто босански тенисер Дамир Џумхур е дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко, откако имаше вербален дуел со главниот судија.

Пред крајот на првиот сет против Ботик ван Де Зандшулпа, по неколку сомнителни одлуки на судијата, Џумхур ги загуби нервите и влезе во сериозна кавга со делителот на правдата. Во тој момент делуваше многу нервозно, а дури му се закани на судијата дека ќе го убие.

Така, Босанецот предвреме го заврши овој турнир, а многу веројатно неговиот испад ќе биде санкциониран и од страна на АТП.