Најдобрите македонски пливачки срушија два државни рекорди на митинг во Србија!

61

Пливачката на ПВК Орион, Миа Крстевски, постави нов апсолутен државен рекорд во дисциплината 200 метри грбно на митингот кон изминатио викенд се одржа во српскиот град Лесковац.

Таа патеката ја мина за 2:18,02 минути, што е ново најдобро време во историјата на македонското пливање, со што само ја потврди одличната форма и фактот што е меѓу најдобрите пливачки во моментов кај нас. На истиот пливачки собир, рекорд постави и нејзината клупска колешка и исто така голем талент, Миа Блажевска-Еминова, која патеката на 100 метри слободно ја мина за 58,61 секунди што е нов најдобар резултат во младинска конкуренција.

Младиот пливач на ПК Вардар, пак, Дамјан Станковски, беше прогласен за најдобар пливач во категоријата на пливачи до девет години и помлади. На митингот учествуваа 348 пливачи од седум држави, а од Македонија настапија пливачи од клубовите Аква Про, Вардар 8, Младост, Вардар, Скопје, Вардар 2018 и Орион.