Најдобрите српски тенисери во полуфиналето на АТП купот (ВИДЕО)

107

Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој го донесе вториот поен против Канаѓаните истакна дека неговата селекција како да игра на „домашен терен“.

Тениската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на премиерниот АТП куп, во Сиднеј со резултат 3:0 успеа да ја совлада селекцијата на Канада.

Најдобрите српски тенисери имаа голема поддршка од трибините, првиот поен го донесе Душан Лајовиќ кој со 6:4 и 6:2 триумфираше над Феликс Оже-Алијасим.

За вториот поен се погрижи вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ со пресврт славеше во дуелот против Денис Шаповалов (4:6, 6:1, 7:6).

Србите беа подобри и во дубл, Виктор Троицки и Никола Чачиќ со 6:3 и 6:2 победија против Питер Полански и Адил Шамасдин.

https://www.youtube.com/watch?v=uLScK48wrwc&feature=emb_title

Во полуфиналето Србија ќе игра против Русија, а во втората полуфинална пресметка Австралија ќе игра со Белгија или Шпанија.

– Како да играме на домашен терен. Во Бризбејн имавме голема поддршка, но ова е повисоко ниво. Сите дојдоа, голема благодарност до навивачите, ова беше еден неверојатен меч. Ги поздравуваме сите во Србија и одиме до финале – рече Ѓоковиќ по мечот.