Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

9

 

Најмалку 19 лица ги загубија животот во пожарот во казино во хотелот „Гранд Дајмонд Сити“ во камбоџанскиот град Појпет, на границата со Тајланд, соопшти денеска полицијата.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, најмалку 70 лица се повредени, а неколку десетици се водат како исчезнати.

Според полицијата, пожарот избувнал околу полноќ по локално време. Се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од експлозија на резервоар за гориво.

Претставник на локалната администрација рече дека 400 луѓе би можеле да бидат заробени во зградата.