Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег

2

 

Во државава изутрина во седум часот не се регистрирани минусни температури, а најстудено со 0 степени е на Попова Шапка, каде има 22 сантиметри снежна покривка. Најмногу дожд изминатото деноноќе наврнало во Лазарополе, 35 литри на метар квадратен, по што следат Пожаране со 33, Маврови Анови со 29,  Попова Шапка со 24…

Времето изутрина е променливо облачно со локален дожд претежно во западните делови. На повеќе места дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе врне само на највисоките планински врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час) најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.