НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Познат идентитетот на убиените во Топанско, пронајдени чаури од автоматска пушка

322

Двојно убиство се случило синоќа во скопската населба Топанско Поле.

Од полицијата велат дека добиле пријава во 02:35 за пукање на бул.„Македонско – Косовска бригада“.

-По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица, велат од МВР за Курир.

Утврдено е дека убиените се двајца скопјани, А.Б. (28) и Б.В. (24). Полициските екипи на местото на двојното убиство пронашле чаури од пиштол и автоматска пушка.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.