Најплатени пет професии во Македонија: Пад кај фармацијата и банките, раст во ИТ-секторот и телекомуникациите

102

Заводот за статистика ја објавија просечната нето-плата за октомври во Македонија, а може да се забележи дека има пад во петте најплатени професии, одвен во ИТ-секторот, кој бележи пораст од 9,7 процентни поени во однос на истиот месец минатата година. Платата во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности изнесува 66.831 денари.

Следува производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.575 денари, но тука има пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани. Преостанатите три места во топ-5 се финансиско услужни дејнсоти, односно банкарскиот сектор со 43.800 денари и пад од 1,2 проценти, телекомуникации со 43.110 денари, со пораст на платите од 7,4 отсто, како и останати стручни, научни и технички дејности со 42.816 денари со раст од дури 19,9 отсто на просечната нето плата.

Прросечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесувала 27.899 денари.