Најскап досега – новиот Mac Pro чини колку BMW

103

Американскиот технолошки гигант Apple почна со онлајн продажба на својот нов компјутер Mac Pro.

Ако сте размислувале да купите еден како новогодишен подарок за некој хардкор програмер, аниматор, аудиопродуцент или кој било друг IT професионалец кому му е потребна една ваква моќна машина, имајте на ум дека најниската цена за новиот Mac Pro е 5.999 долари.

Меѓутоа, оние кои ја сакаат најмоќната верзија на оваа машина, тоа задоволство ќе ги чини дури 52.599 долари со вклучен ДДВ, цена што го прави овој компјутер најскапиот Mac направен досега.

За овие пари ќе добиете: 28-јадрен Intel процесор од 2,5 GHz, со 1,5 TB работна меморија, 4,0 TB меморија за складирање и две графички картички од 32 GB.

Колку за споредба, нов автомобил BMW Series 3 чини 40.750 долари.