Најчевска со „Твоја партија“: Нема да ветува неостварливи работи

9

Програмата на „Твоја партија“ е во процес на креирање и токму тој процес и начинот на кој се одвива е првата разлика по која оваа партија се разликува од досегашните политички здружувања, вели во интервју за Плусинфо универзитетската професорка Мирјана Најчевска, која беше дел од првиот состанок на иницијативниот одбор на партијата.

-Во своите програмски определби партијата нема да излезе надвор од она што претставува вредносна рамка карактеристична за развиените демократии и вредносен систем веќе формулиран и поставен од страна на ЕУ. Различното е начинот на кој ќе се обезбеди Северна Македонија да се вклопи во оваа рамка и начинот на кој ќе се обезбеди имплементирање на веќе изградениот вредносен систем. Пристапот на партијата е прагматичен, со многу силен акцент на професионалноста, и со една непопуларна метода, која многу ретко се поврзува со политичкото делување: нема лажење и ветување на работи кои не можат да бидат остварени. Мислиме дека веќе има критична маса на граѓани кои не сакаат да веруваат во шарени лажги и кои сакаат да работат на остварување на реални цели кои ќе значат подобрување на животот на што е можно поголем број граѓани – вели Најчевска.

Таа додава дека партијата има намера да влезе на политичката сцена како независна од влијанија на структури кои, според неа, понатаму би го компромитирале нејзиното делување.