На ден пред изборите владата донела уредба за кризна состојба при недостаток од струја

5

На предлог на Министерството за економија, Владата донесе нова уредба за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор, во која прецизно се предвидени должностите на секој чинител во енергетскиот сектор како и мерките кои треба да се преземеат, при недостаток на струја предизвикани од хаварија или елементарна непогода.

Од Екомонија соопштија дека не станува збор за прогласување на енергетска криза и дека остануваат на ставот донесен по средбата со претсатвниците на енергетскиот сектор минатата недла дека нема потреба од прогласување.

Оттаму додаваат дека станува збор за измени во уредбата неопходни поради законските измени. Имено досега на сила била уредба од 2012 година а во 2018 година е донесен нбов закон за енергетика и затоа уредбата не кореспондирала со учесниците во енергетскиот сектор и обврските кои тие треба да ги превземат.

Уредбата на 12 страници е донесена на 30-ти октомври, во саботата во предизборниот молк.