На инфективните оддели во земјава се лекуваат 591 ковид-пациенти, слободни околу 480 кревети

7

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 342 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 пациент, а во Куманово 46 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид – центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани четири, во Кичево осум, Кавадарци 39, во Гевгелија пет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.